Made by Naum Lokoski

Интересна трка, Фетел победник соборувајќи рекорд

недела, септември 14, 2008
Дитрих Матешиц и Себастијан Фетел
Една навистина интересна и драматична трка во Монца (Италија), во која апсолутно ништо не беше сигурно до самото поминување низ стартно-целната раминина.

На крајот најсреќен беше младиот Себастијан Фетел кој со оваа победа, го собори рекордот за најмлад Ф1 победник на трка со своите 21 години.

Трката започна со безбедносното возило, кое ги предовдеше болидите во првите два круга заради безбедноста, и сите возачи имаа гуми за екстремно влажно.

Со тешките услови за возење на стартот заради огромната водена завеса, имаше повнимателно возење, но со тек на времето патеката се сушеше и трката стануваше се поинтересна и поинтересна.

Најдобри перформанси, покрај Торо Росото на Фетел, покажаа и двата МекЛарена. Ковалаинен си ја зачува својата втора позиција, а Луис Хамилтон леташе по пистата престигнувајќи го секој кој му беше пред него.

Кими Раиконен имаше малце послаба трка, бидејќи возеше доста внимателно, додека неговиот тимски колега Фелипе Маса исто возеше смирено но сепак далеку подобро од Кими.

На крајот позади Фетел и Ковалаинен, трет беше Пољакот Роберт Кубица, кој стартуваше дури од 11 позиција, додека четврти и петти беа Фернандо Алонсо и Ник Хајдифлд. Маса беше шести пред Хамилтон кој беше седми, а во возачите кои освојуваат поени влезе и Марк Вебер.

Сега на четири трки пред крајот, во генералниот пласман води Луис Хамилтон (78) со само еден поен пред Фелипе Маса (77) и 14 пред Кубица (64). Во битката за конструктори Ферари остануваат први со 134 поени, само 5 повеќе од МекЛарен кои имаат 129.
Не очекуваат исклучително интересни последни шест трки, од која покрај последната исклучително интересна се очекува да биде и следната трка во Сингапур, која е нова, непозната за сите, и се вози под рефлектори.

Целосни резултати
Подиумот во Монца

0 коментари:

Објави коментар