Формула 1 новости

Made by Naum Lokoski

КРАЈ

петок, септември 26, 2008
Заради моја ангажираност на сајтот www.taratur.com овој блог ке мора да биде затворен бидејќи навистина немам време за пишување.

Повелете на www.taratur.com и читајте ги уште новостите за Ф1 напишани од моја страна.

Ви благодарам на разбирањето,
Наум Локоски Баварец

Раиконен бара чудо

петок, септември 19, 2008
Раиконен, ке биде ли втор возач?
Сеуште актуелниот светски шампион, Кими Раиконен признава дека шансите за одбрана на титулата се само малце над нулата, по слабиот резултат во Италија.

Раиконен нема победа во трка уште од Априлското Шпанско Гран При, и додека неговиот тимски колега Маса е само на бод до водечкиот Хамилтон, Финецот е четврти со 21 поен негатива.

“Не треба да бидете Ајнштајн за да сфатите дека вака не се брани титула,” рече Раиконен. “Не е се готово, но сега ми треба чудо, големо чудо.”

Во последнава сезона Раиконен многу слабо се покажа на дожд, на пример на последните две трки, тој е далеку подобар на суви патеки.

“Се уште можам да возам на водено, но кога сетапот не е баш како што посакувате е многу тешко,” рече тој. “Можете само да останете на патеката и да се молите дека нешто ке се промени, како што беше на Монца. Имаше еден момент кога навистина имав предност и можев да напаѓам на секој свиок но веќе беше доцна.”

Раиконен и Маса во моментов имаат приватни тренинзи во Мугело и се спремаат за трката во Сигнапур која е непозната за сите.

“Можноста да возите на нова патека е навистина одлична,” рече тој. “Тоа ке биде одлично искуство за сите нас. Атмосферата ке биде возбудлива, а топлото време може да работи на наша страна.”

Од Ферари пак се надеваат дека Кими во последните четири трки ке се обиде да го поддржи неговиот тимски колега, Фелипе Маса во походот кон титулата.

Кими станува втор возач

понеделник, септември 15, 2008
Кими и Маса си ги променија улогите од минатата година
По слабиот резултат во Неделата, шансите на Кими Раиконен за освојување на титулата се речиси невозможни, па од Ферари одлучија сега тој да го поддржува Маса за освојување на титулата.

Тој сега е четврти на генералниот пласман и доцни со 22 поени зад првиот Луис Хамилтон и 21 зад својот тимски колега Фелипе Маса.

Прашани во Ферари дали сега и официјално Маса е прв возач, Стефано Доменикели одговори: "Од секогаш сум кажувал дека тимот ни е на прво место. Се разбира тоа е најважно и возачите тоа го знаат.

“Од сега па до крајот на сезоната најверојатно ке биде така, Кими ке вози агресивно со цел да му помогне на Фелипе да стигне до титулата бидејќи тој е поблиску до водечкиот Луис Хамилтон."

Ферари имаа проблем во Италија со загревањето на гумите на ладното и влажно време, тоа е еден проблем што Доменикели го знае и ке се обиделе да го средат.

“Со сигурност ова не е атмосферата во која сакаме да се тркама, ладно и врнежливо,” признава тој. “Но ние не можеме да направиме ништо друго освен да работиме и да се поправиме и прилагодиме на климатските услови."

Тоа ке биде еден од проблемите кои Ферари ке ги надминуваат на приватните тестови во Мугело во Италија. Раиконен и Маса и двајцата ке возат во Мугело исто како и третиот (тест возач) на Ферари Лука Бадоер.

Интересна трка, Фетел победник соборувајќи рекорд

недела, септември 14, 2008
Дитрих Матешиц и Себастијан Фетел
Една навистина интересна и драматична трка во Монца (Италија), во која апсолутно ништо не беше сигурно до самото поминување низ стартно-целната раминина.

На крајот најсреќен беше младиот Себастијан Фетел кој со оваа победа, го собори рекордот за најмлад Ф1 победник на трка со своите 21 години.

Трката започна со безбедносното возило, кое ги предовдеше болидите во првите два круга заради безбедноста, и сите возачи имаа гуми за екстремно влажно.

Со тешките услови за возење на стартот заради огромната водена завеса, имаше повнимателно возење, но со тек на времето патеката се сушеше и трката стануваше се поинтересна и поинтересна.

Најдобри перформанси, покрај Торо Росото на Фетел, покажаа и двата МекЛарена. Ковалаинен си ја зачува својата втора позиција, а Луис Хамилтон леташе по пистата престигнувајќи го секој кој му беше пред него.

Кими Раиконен имаше малце послаба трка, бидејќи возеше доста внимателно, додека неговиот тимски колега Фелипе Маса исто возеше смирено но сепак далеку подобро од Кими.

На крајот позади Фетел и Ковалаинен, трет беше Пољакот Роберт Кубица, кој стартуваше дури од 11 позиција, додека четврти и петти беа Фернандо Алонсо и Ник Хајдифлд. Маса беше шести пред Хамилтон кој беше седми, а во возачите кои освојуваат поени влезе и Марк Вебер.

Сега на четири трки пред крајот, во генералниот пласман води Луис Хамилтон (78) со само еден поен пред Фелипе Маса (77) и 14 пред Кубица (64). Во битката за конструктори Ферари остануваат први со 134 поени, само 5 повеќе од МекЛарен кои имаат 129.
Не очекуваат исклучително интересни последни шест трки, од која покрај последната исклучително интересна се очекува да биде и следната трка во Сингапур, која е нова, непозната за сите, и се вози под рефлектори.

Целосни резултати
Подиумот во Монца

Исклучително тешки квалификации, Фетел најсреќен

сабота, септември 13, 2008
Најмладиот возач во Ф1 најсреќен во Саботата во Монца
На исклучително брзата но денеска и исклучително влажната патека во Монца, имаше неверојатна драма за пол позицијата.

Најдобрите возачи и водечките во генералниот пласман, се бореа за да не испаднат во првите пет, што им успеа на сите, но на Раиконен, Хамилтон и Кубица не им успеа да влезат и во последните 10.

За разлика од другите пати во првите 10 имаше 8 различни тимови, и таму се водеше навистина интересна борба за пол позицијата. На крај со пол позиција излезе најмладиот возач во Ф1, возачот на Торо Росо, Себастијан Фетел, кој ке стартува пред Хајки Ковалаинен од МекЛарен.

Интересно е што во првите 10 има дури 3 болиди од Дитрих Матешиц (Ред Бул и Торо Росо), Фетел прв, Вебер трет и Бурде четврт.

Целосната листа:

1. Себастијан Фетел
---2. Хајки Ковалаинен
3. Марк Вебер
---4. Себастијан Бурде
5. Нико Розберг
---6. Фелипе Маса
7. Јарно Трули
---8. Фернандо Алонсо
9. Тимо Глок
---10. Ник Хајдфилд
11. Роберт Кубица
---12. Џанкарло Физикела
13. Дејвид Култхард
---14. Кими Раиконен
15. Луис Хамилтон
---16. Рубенс Баричело
17. Нелсињо Пике
---18. Казуки Накаџима
19. Џејсон Батон
---20. Адријан Сутил

Ова беше само навестување на уште поинтересна трка утре. Фелипе Маса ке се обиде да го престигне Хамилтон во генералниот пласман, т.е. да постигне 2 поени повеќе од Хамилтон што по се изгледа така и ке биде.

Очекувајте трка со многу изврртувања и многу судири, и по се изгледа долго возење на Безбедносното возило. За утре само едно е сигурно, а тоа е дека ништо не е сигурно.

Раиконен во Ферари до крајот на 2010

петок, септември 12, 2008
Раиконен во Ферари до крајот на 2010
Пред домашната трка на Ферари во Монца, соопштуваат продолжување на договорот на Кими Раиконен за уште две сезони, до крајот на 2010 со што се става крај на шпекулациите.

И неговиот тимски колега Фелипе Маса, исто така има договор со тимот до истата година, што значи за следните две сезони Ферари е обезбеден.

Раиконен отиде во Ферари минатата година од конкурентот МекЛарен, додека Маса е во тимот од 2006. Со ова соопштување се ставаат крај на шпекулациите за тоа дека Раиконен може да се повлече од Ф1 и да се занимава со некој друг спорт.

Од ФИА исто така беше соопштено дека е донесена дата за разгледување на жалбата на МекЛарен во врска со казната на Хамилтон за минатата трка во Спа, кога му беше одземена победата со 25те секунди казна.

Ова е само навестување за интерсна трка овој викенд во Италија на Монца, која всушност е и најбрзата и најинтересна патека.

*Н.Л.

Маса со 10 поени од Белгија, откако Хамилтон беше казнет

недела, септември 07, 2008
Првичниот подиум во Спа
Во една екстремно драматична и интересна трка на Спа Франкошимпс во Белгија, Хамилтон, кој стартуваше од пол, прв ги помина тие 308 километри, но со одлука на судиите тој беше казнет со 25 секунди па на крај испадна трет.

Трката имаше многу интересен старт за неутралните гледачи, во кој Хамилтон излезе прв, Раиконен втор, а Маса трет, додека најмногу изгуби Хајки Ковалаинен кој падна до 12тата позиција. Но веќе во вториот круг на првиот свиок Хамилтон направи грешка при која се изврти, а тоа Раиконен добро го искориси и го помина на рамниот дел.

Потоа трката имаше нормален тек на настаните, барем за водечките возачи, се до некаде 5 круг пред крајот, кога почна со сите дожд кој стануваше се посилен и посилен, но проблемот беше што не беше на цела патека, него само на одредени делови.

При тој дожд, Хајдфилд и Алонсо влегоа во бокс и сменија гуми, ставија Интермедија, при што излегоа на 7 и 8 позиција, но добија многу при што завршија 3 и 4.
Кај водечките пак, Хамилтон го нападна Раиконен, бидејќи имаше подобро сетапиран болид и на една кривина го нападна при што Кими одлично се одбрани па Хамилтон кратеше од кривината, по што доби реална предност и успеа да го помине.
Веќе во следниот круг повторно на една кривина Розберг беше извртен и Хамилтон овој пат помина низ тревата, при што Кими излезе прв, но од таа гужва Кими се изврти и заврши во заштитниот ѕид.

Прв кроз целта помина Хамилтон, втор Маса, трет Хајдфилд, но веднаш по завршувањето на трката беше известено дека ке се разгледуваат инцидентите кои ги вклучуваат Хамилтон и Раиконен, и беше одлучено да Хамилтон биде казнет со +25 секунди, заради искористување предност со сечење на кривини.
Со таа казна Хамилтон паѓа на третата позиција, со што Фелипе Маса излегува прв, а Ник Хајдфилд втор.

Тоа значи дека наместо првично соопштените 8 поени разлика пред Фелипе Маса, сега Хамилтон е прв со 76 поени, пред Маса кои има 74.
Оваа трка беше само навестување за интересен крај на првенството и се надеваме на неизвесност до самиот крај.

Целосни резултати




*Н.Л.

Хамилтон од пол позицијата на Спа

сабота, септември 06, 2008
Прес конференцијата по квалификациите
Комплетна доминација на МекЛарен на кваливикациите во Белгија на пистата Спа. Одлична вожња на Луис Хамилтон кој ке стартува прв пред Бразилецот Фелипе Маса од Ферари.

Целосната листа:

1. Луис Хамилтон
--2.Фелипе Маса
3. Хајки Ковалаинен
--4. Кими Раиконен
5. Ник Хајдфилд
--6. Фернандо Алонсо
7. Марк Вебер
--8. Роберт Кубица
9. Себастијан Бурде
--10. Себастијан Фетел
11. Јарно Трули
--12. Нелсињо Пике
13. Тимо Глок
--14. Дејвид Култхард
15. Нико Розберг
--16. Рубенс Баричело
17. Џенсон Батон
--18. Адријан Сутил
19. Казуки Накаџима
--20. Џанкарло Физикела

Почина Фил Хил

вторник, септември 02, 2008
Фил ХилСветскиот првак во Формула 1 од 1961 година, Американецот Фил Хил, почина на 81-годишна возраст страдајќи од Паркинсовата болест. Од неговата кариера се памети дека во 1958 година дебитирал во светското првенство и му помогнал на Мајк Хауторн да стане светски првак со Ферари, а три години подоцна и самиот успеал во тоа. - И јас како и сите други вработени во Ферари сум потресен од оваа вест бидејќи Фил беше човек и шампион кој ни даде многу, а секогаш величенствено ги репрезентираше вредностите на нашата компанија и на патеката, но и надвор од неа. Тој не победуваше само во Формула 1, туку и на трките како 24 часа Ле Ман и 12 часа на Себринг, во кои имаше по три победи. Фил беше единствениот пилот роден во САД кој стана светски првак во Формула 1. Низ годиниве одржував контакт со него и знам дека ќе ми недостига неговата стратст и љубов за Ферари,- порача Лука ди Монтеѕемоло, изразувајќи и сочувство до неговата сопруга Алма и синот Дерек.

*2

Раиконен: Сега сум најмотивиран

недела, август 31, 2008
Што се случува со Кими?
Со последната победа назад во Април на Шпанското Гран при, не е ни чудо што Раиконен е критикуван за лошите резултати во последните месеци. Како и да е, Раиконен ги отфрла шпекулациите дека нема повеќе мотив за трка и е убеден дека шансите тој да ја освои титулата се сеуште големи.

Откако се откажа на трката за ГН на Европа, Фелипе Маса изби пред него на второто место во генералниот пласман. Сега тој заостанува за 7 поени зад Маса и 13 зад Хамилтон. Но минатата сезона Финецот се извлече од уште потешка ситуација и ја освои титулата, и сега тој е убеден дека се уште може да ја одбрани.

“Животот ке беше многу полесен, доколку секогаш победувавме,” изјави тој за веб странта на Ферари. “Но не секогаш работите ви одат како што сакате. Безполезно е да плачиш за истурено млеко: се што било поминало, сега треба да гледаме напред. Се уште не е готово. Јас ке продолжам да се борам за да го постигнам резултатот што го сакам. Остана уште една третина од сезоната и тоа е доволно за кам бек. Доколку некој се двоуми за мојата мотивација, нека знае дека сум помотивиран од било кога!”

Покрај тоа што 4 месеци нема победа, Раиконен е исто така критикуван и за слабите резултати во квалификациите. Последната пол позиција ја освои во Франција во Јуни, а од тогаш најмногу има стигнато до трето на Силверстоун.

“Имавме многу разговори за мојот проблем со квалификациите,” објасни тој. “Но на некои трки - во Унгарија и Германија - направив неколку грешки и морав да стартувам од шестата позиција. Во Валенсија ми избега третата позиција за влакно.”

Следната трка се вози во Белгија на Спа, ова е патека на која Раиконен има три победи со ред, дали ке се врати таму?