Made by Naum Lokoski

Раиконен: Сега сум најмотивиран

недела, август 31, 2008
Што се случува со Кими?
Со последната победа назад во Април на Шпанското Гран при, не е ни чудо што Раиконен е критикуван за лошите резултати во последните месеци. Како и да е, Раиконен ги отфрла шпекулациите дека нема повеќе мотив за трка и е убеден дека шансите тој да ја освои титулата се сеуште големи.

Откако се откажа на трката за ГН на Европа, Фелипе Маса изби пред него на второто место во генералниот пласман. Сега тој заостанува за 7 поени зад Маса и 13 зад Хамилтон. Но минатата сезона Финецот се извлече од уште потешка ситуација и ја освои титулата, и сега тој е убеден дека се уште може да ја одбрани.

“Животот ке беше многу полесен, доколку секогаш победувавме,” изјави тој за веб странта на Ферари. “Но не секогаш работите ви одат како што сакате. Безполезно е да плачиш за истурено млеко: се што било поминало, сега треба да гледаме напред. Се уште не е готово. Јас ке продолжам да се борам за да го постигнам резултатот што го сакам. Остана уште една третина од сезоната и тоа е доволно за кам бек. Доколку некој се двоуми за мојата мотивација, нека знае дека сум помотивиран од било кога!”

Покрај тоа што 4 месеци нема победа, Раиконен е исто така критикуван и за слабите резултати во квалификациите. Последната пол позиција ја освои во Франција во Јуни, а од тогаш најмногу има стигнато до трето на Силверстоун.

“Имавме многу разговори за мојот проблем со квалификациите,” објасни тој. “Но на некои трки - во Унгарија и Германија - направив неколку грешки и морав да стартувам од шестата позиција. Во Валенсија ми избега третата позиција за влакно.”

Следната трка се вози во Белгија на Спа, ова е патека на која Раиконен има три победи со ред, дали ке се врати таму?

0 коментари:

Објави коментар