Made by Naum Lokoski

Хамилтон: Играм на долги патеки!

петок, август 29, 2008
Ке биде ли Маса прв и на крајот?

Британскиот возач во F1, воедно и првиот во генералниот пласман, Hamilton изјави дека воопшто не е загрижен од подобрите перформанси на Massa и дека тој игра на долги патеки.

Според него, тој се уште е сигурен на првата позиција, бидејќи титулата ја добива оној кој завршува прв на крајот, што значи дека тој по се изгледа и ќе вози сигурно до крајот на сезоната и ќе чека на грешки на Ferrari, кои можно е да зачестат, бидејќи од овој тим и двајцата возачи се борат за титулата.

“Јас всушност го продолжив водството во генералниот пласман и покрај тоа што загубив два бода од Felipe” изјави Hamilton и дополни “Ментално сум доволно силен за да се справам со оваа ситуација и сум потполно релаксиран околу тоа. Јас играм долга игра!

Британецот изјави дека секако сака да победува на секоја трка, но дека искуството го научило дека некогаш е подобро да вози сигурно и да освои што е можно повеќе бодови.

Дали ќе се оствари целта на Hamilton за освојување на титулата? Да потсетиме, претходната сезона таа му избега од раце во последната трка, кога тој направи возачка грешка и му ја препушти на Raikkonen. Едно е сигурно – натпреварот тукушто започна!

*1

0 коментари:

Објави коментар