Made by Naum Lokoski

Алонсо зависи од Малборо ?

среда, август 27, 2008

Иако постојат релевантни показатели дека седиштата во Ферари се заземени за 2009 година, не престануваат шпекулациите дека Фернандо Алонсо е можна опција за италијанската екипа. Сепак, ситуацијата не е комплицирана само по прашањето дали Кими ќе се пензионира, или Маса ќе добие отказ. Кими има договор за уште една година, а Маса за уште две сезони, но битни се други моменти кои кружат во заткулисните шпекулации.

Ферари е обврзан пред своите спонзори (наводно) да има возач во своите редови кој бил светски првак. Доколку Кими се повлече, тогаш екипата мора да инсистира на Алонсо, освен доколку Маса не ја добие круната оваа година. Доколку Бразилецот успее да слави на крајот пред Хамилтон, на Ферари му се отвораат други опции по 2010. На пазарот како слободни возачи се јавуваат Роберт Кубица и Нико Розберг, при што не смее да се заборави дека овој вториов освои титула во ГП2 серијата во екипата на Николас Тод, синот на Жан, кој е воедно и менаџер на Фелипе Маса.

Во таа опција Алонсо може да извиси, па оттука и дел од причините зошто тој се радува кога Кими победува. За да го зацврсти својот изглед за премин во редовите на тимот од Маранело, Алонсо на своја страна ги има и спонзорите од Шпанија, како Банко Сантандер и Мутуа Мадрилена. Особено е интересен првиот, бидејќи корпоративната боја на групацијата Банко Сантандер е црвената и одлично би се вклопила во целиот концепт, а се шпекулира дека поради Алонсо тие склучиле договор со Мекларен во износ од 20 милиони долари по сезона. Но, следува нов проблем. Сопственик на ексклузивниот рекламен простор на болидот на Ферари е компанијата Филип Морис, која на крајот од 2005 година потпиша продолжување на договорот со италијанскиот тим до крајот на 2011, за кој се проценуваше дека е тежок 1,1 милијарда долари. Според тој договор, британските медиуми тврдат дека Филип Морис има право доколку правно е оневозможен да ги рекламира своите тутунски производи, да го изнајмува просторот на трети лица, што досега го сторил во повеќе наврати. Тоа значи дека доколку Сантандер ги сака најдобрите места за својата реклама, ќе треба да тропне на вратата на Филип Морис, а не во Ферари, со што се губи и можноста шпанските спонзори да направат притисок врз менаџментот на италијанската екипа за да го ангажира двократниот првак. Сепак, се шпекулира дека оваа компанија сака побрзо да се откачи од овој договор, поради новите предлози за европската анти-тобако легислатива, со која ќе бидат забранети и рекламите на самите трафики и машините за купување на цигари. Доколку тоа е така, ќе претставува одлична зделка за сите инволвирани и затворање на кругот.

Малборо е последниот бренд од тутунската индустрија кој е се уште активен во Формула 1, по своите почетоци во 1974 година со Мекларен. Тобако-спонзорствата во авто спортот беа присутни десетина години порано, откако Империјал тобако го промовираше брендот Голд лиф преку болидите на Лотус.

*2

1 коментари:

  1. Анонимен рече...

    begaj be sto razbiras ti

    30 август 2008, во 22:34  

Објави коментар