Made by Naum Lokoski

Рон Денис: Не го отпишувајте Раиконен!

среда, август 27, 2008
Рон Денис се плаши од Раиконен

Шефот на McLaren, Ron Dennis даде интересна изјава во која вели дека Ледениот Финец не треба да биде толку рано отпишан од борбата за титулата. Да потсетиме, тој во последната трка од претходната сезона ја освои титулата, кога сите мислеа дека тоа е невозможна мисија.

Оваа сезона и покрај добриот почеток, Raikkonen се повеќе тоне и никако не може да оствари поволен резултат. Последен пат победи на трката во Barcelona за Големата Награда на Шпанија. Неговите фрустрации се зголемија и по експлозијата на неговиот мотор на последната трка во Валенсија, па сега тој е на третата позиција во генералниот пласман со 13 бода зад првиот, Hamilton.

Сепак, шефот на McLaren е многу претпазлив и изјави дека тој воопшто не би го критикувал Raikkonen и дека тој е еден многу талентиран возач. Тој изјави и дека секој возач има лоши и добри периоди, но дека Финецот е се уште и тоа како способен да победува!

“Најнеблагодарно е да се прават предвидувања околу формата на Raikkonen во останатите шест трки од првенството. Тоа е најлошото што може да се направи” изјави Dennis кој со овие изјави го потврдува стравот од Ferrari.

И шефот на тимот на Ferrari, Stefano Domenicali објави целосна поддршка од тимот кон Raikkonen и изјави дека тој лично очекува Финецот да се бори за титулата на последната трка.

*1

0 коментари:

Објави коментар