Made by Naum Lokoski

Дефектот на Кими идентичен со Маса

среда, август 27, 2008
Што се случува во Ферари?

Скудерија Ферари потврди дека откажувањето на моторот на Кими Раиконен на трката во Валенсија бил од иста природа како оној на Фелипе Маса во Будимпешта. Веќе е јавно соопштено дека е скршена водилката на клипот, но причините се непознати.


Истовремено, тимот тврди дека знаел оти моторот на Раиконен ќе биде чувствителен поради искуството од Унгарија со Маса, но одлучиле да не го менуваат моторот бидејќи Раиконен веќе искористил еден џокер, односно промена на мотор без казна, па ќе требало да стартува 10 места поназад, што на градската трка во Валенсија ќе значело и слаб пласман во старт, поради неможноста да се престигнува.

- Она што се случи е сериозна работа и ќе направиме се во наша моќ за да ги надминеме проблемите со издржливоста на последните трки. Имаме две тест сесии, во Монца и Херез, а потоа се враќаме во фабриката,- изјави тимскиот шеф на Ферари, Стефано Доменикали.

Тој најави дека тимот ќе застане зад Кими и ќе му овозможи да се врати во игра, иако нема победа од шпанското гран при во мај.

- Не се сомневаме во можностите на Кими и убеден сум дека тој ќе направи камбек до трката во Бразил. Тој е светски првак и ние ќе го поддржиме 100%, бидејќи ви тешки ситуации тимот треба да остане заедно,- вели Доменикали, одбивајќи да го посочи Маса како возач бр.1 на тимот за годинешнава титула.

*2

0 коментари:

Објави коментар