Made by Naum Lokoski

Фетел од година за Ред Бул

вторник, јули 29, 2008
Себастијан Фетел
Талентираниот германски возач, Себастијан Фетел, од вториот тим на црвениот бик, од наредната година ќе премине во првиот и тоа на местото на најголемиот заводник во F1, Дејвид Култхард.

Ваквиот потег на челниците на Red Bull е сосема јасен – Фетел покажува високи перформанси со слабиот болид на Toro Rosso, па качувањето за едно скалило погоре во неговата кариера се одвива во вистинскиот момент.

“Многу сум горд на договорот со Red Bull, а и секогаш е добро порано да знаеш во кој тим ќе настапуваш наредната година” – изјави Фетел и додаде “Целта на секој возач е да настапува во што е можно посилен тим, а во претходните неколку години, Red Bull покажува голем потенцијал, па јас направив добар потег. “

Но Фетел не заборави и да се заблагодари на јуниорскиот тим на црведниот бик - “Исто така сакам да им се заблагодарам на мојот досегашен тим, каде веќе се чувствувам како дома. Тие беа моја фамилија за повеќе од една година и сакам да им се заблагодарам на Франц Тост и Герхард Бергер за пружената шанса, како и на целиот тим за дадениот напор.”

Според зборовите на Кристијан Хорнер, шефот на Red Bull, логично било Фетел да го добие местото на Култхард во тимот, од една страна поради хиерархиската подреденост во двата тима, а од друга поради добрите перформанси кои ги покажа Германецот оваа сезона.

Првото запознавање со болидот на Red Bull, Фетел ќе го има на зимските тестирања оваа година.

*1

0 коментари:

Објави коментар