Made by Naum Lokoski

Сантандер и Алонсо во Ферари, Кими ке вози рели?!?

вторник, јули 29, 2008
Banco Santander
Спонзорот на Мекларен, шпанската банка „Сантандер“, од наредната година би требало да почне да го финансира Ферари, тврди германскиот весник„Билд“, според кого услов за спонзорскиот договор вреден 25 милиониевра годишно е ангажирањето на двократниот светски шампион фернандоАлонсо од Рено. Тврдењето се поткрепува со фактот дека Алонсо не езадоволен од тоа како се одвиваат работите во неговиот сегашен тим,како и со изјавата на Шпанецот по последната трка во Силверстоун деканајдоцна во септември ќе реши во која екипа ќе ја продолжи кариерата.

„Билд“во продолжението на текстот вели дека „Сантандер“ за возврат би можелда побара Алонсо на својот комбинезон да го носи нивното лого, како итоа да ги краси предниот и задниот спојлер на неговиот болид.

Германскиот магазин „Ауто, мотор унд шпорт“ објави изјава на Кими Раиконен дека би можел да се проба во рели трките, додека Ла Газета тврди дека „го уловила“ Алонсо како пазари куќа близу Италија.

Кими на читателите на магазинот им објаснува дека никогаш немал планови во својот живот кој биле надвор од авто-мото спортот, па отаму својата иднина не ја гледа далеку од сегашната, но се двоуми дека може да се натпреварува во некое друго светско првенство.
- Сигурен сум дека нема да ми биде досадно. Кога ќе престанам да возам во Формула 1, ќе се натпреварува на други заради забава. Во некое време, сигурен сум дека ќе се испробам и во релито. Тоа е она што ме интересира, асфалт, земја и мраз. На асфалт веројатно би бил добар, но на земја немам никакво искуство. За мене ќе биде тешко да се навикнам и на совозач во кабината,- вели Финецот, чиј постар брат Рами веќе има одредено рели искуство.
Најтиражниот спортски дневен весник во Италија, Ла Газета дело спорт, објави пак дека Алонсо бил виден како се интересира за купување куќа во Лугано, што значи дека двократниот првак и натаму сака да остане во швајцарскиот даночен рај, но да биде во италијанскиот дел и поблиску до централата на Ферари во Маранело. Според весникот, неговата куќа на Женевското езеро е некои 600 километри оддалечена од Маранело, а вака таа дистанца би била преполовена. И Алонсо и Ферари се очекува да направат објави за својата иднина на италијанското гран при во Монца, предвидено за првиот септемвриски викенд.

*2

0 коментари:

Објави коментар