
Сите 10 тимови од Формула 1 се сложни за формирање на Асоцијација на Ф1 Тимови, во која би се расправало за иднината на овој спорт.
Од Ферари изјавија дека имале доста конструктивен состанок во Маринело на кој присуствуваа претставници од сите тимови, Ф1 шефот Берни Ехилстон и Доналд МекКензи.
Новото тело ке соработувало со FIA и со Formula One Management и заедно ке носеле значајни одлики за спортот.
“Сите Ф1 тимови се сретнаа денес во Маринело и имаа навистина конструктивен состанок, во присуство на Берни Ехилстон и Доналд МекКензи,” стоеше во изјавата од Ферари.
“Тимовите се договорија да новата организиација соработува со FIA и FOM и да заедно донесуваат нови правила и комерцијални одлики за овој спорт”
Состанокот во Маринело беше „последица“ од писмото кое шефот на FIA Макс Мозли го испрати до Ф1 тимовите да ги кажат своите ставови за големите промени во правилата од 2011 година.
Во правилата се цели на смалување на употребата на гориво и унапредување на возењето и ривалството.*Н.Л.
0 коментари:
Објави коментар