Made by Naum Lokoski

МекЛарен доминантен на тренинзите

петок, август 01, 2008
Ферари поуспешни на првиот послаби на вториот тренинг
Не толку совршени услови на првиот ден од официјалните тренинзи на Хунгароринг, и променливо време за да се види брзината на тимовите за сетапирање на болидите. На крај МекЛарен излегоа први, а лидерот на генералниот пласман, Луис Хамилтон, извозе најбрзо време на денот. Рено, сепак, се покажаа добро на денешните тренинзи и беа позади водечките возачи.

МекЛарен
Луис Хамилтон, 1м 21.535с, П4, P/1м 20.554с, П1
Хајки Ковалаинен, 1м 21.410с, П3/1м 20.760с, П3

МекЛарен ги средија нивните носеви како болидите на Хонда, а според Хамилтон вака болидот е подобар. Тој немаше проблем со тој болид да извози најдобро време, а Ковалаинен исто така добро се покажа на тренинзите.

Рено
Фернандо Алонсо, 1м 21.802с, P5/1м 20.928с, P4
Нелсон Пике Јуниор, 1м 22.326с, P8/1м 20.748с, P2

Рено уште еднаш направи скок, но дали тоа ке трае и за трката ке видиме, денеска и двата возачи добро се покажаа.

Ферари
Кими Раиконен, 1м 21.345с, P2/1м 21.009с, P5
Фелипе Маса, 1м 20.981с, P1/1м 21.010с, P6

Според Маса, Ферарито подобро вози на тврди гуми на оваа патека, и дека е тешко да се каже кој бил подобар. И двете Ферарија имаа нови оклопи на моторот,а Кими изјави дека било тешко да се навикне. Според првите тренинзи МекЛарен се подобри и тука.

БМВ Заубер
Ник Хајдфилд, 1м 22.370с, P9/1м 21.138с, P7
Роберт Кубица, 1м 22.267с, P7/1м 21.363с, P8

БМВ Заубер со не толку импресионирачки резултати, на овие тренинзи покажаа слаби резултати.

*Н.Л.

0 коментари:

Објави коментар