
Најстариот тим во Формула 1, тимот на Ферари оваа година и покрај првото место во табелата за конструктори дефинитивно има некакви проблеми со моторите.
Уште на првата трка во Валенсија се јави проблем и на двата мотори на болидите на Ферари, што навистина беше страм за еден голем тим како што е Ферари. По трката по прегледите на болидот беше известено дека проблемот е среден, а тоа го докажаа возачите на Ферари во втората трка, кога водеа двајцата но заради негова грешка, Фелипе Маса излета, а Кими Раиконен победи на таа трка.
Потоа се изгледаше во ред, Ферари имаа три еден-два победи, и моторите си работеа одлично.
Во Франција, Ферари имаше 1-2 старт, и цело време возеа 1-2, се до еден момент кога експлодираше ауспухот на Кими, и почна да се распаѓа неговиот болид.

Во Унгарија, Маса ја водеше цела трка, откако на стартот ги престигна Хамилтон и Ковалаинен. Тој возеше одлично, најдобро оваа сезона, но....
...на само 3 круга пред крајот на стартноцелната рамнина...Маса го паркира својот болид покрај оградата, а од неговиот мотор излегуваше чад.

Се испостави дека во моторот на Маса дошол до некакво комплицирање, што се случувало еднаш на десет години за што никој не е виновен.
Сите го заборавија тоа по одличното возење на двете Ферарија на тренинзите во Валенсија, и по пол позицијата на Маса.
На трката, Кими изгуби една позиција на стартот, а Маса си водеше цело време. Се беше нормално до второто влегување на Маса во пит, кога ризично излезе и за малце избегна судир со Адријан Сутил, за што и за малце не беше казнет. Беше одлучено да биде казнет со 10 000 фунти.
Во второто влегување во пит на Кими Раиконен, веројатно механичарите беа во шок и исчекување на казна за Маса, едниот од механичарите заборави да го извади цревото за гориво од болидот на Кими по што настрада.
Некако успееа да го извадат цревото, но Кими загуби драгоцени секунди и една позиција.
Но се некако ке беше простено, да не на само еден круг после оваа случка, Кими направи димна завеса на стартноцелната рамнина.

Нешто не е во ред со моторите на Ферари, а што неможат ни самите да дознаат штом не е решено до сега, ни останува да се надеваме дека наскоро се ке биде решено и ке можеме да го гледаме Ферари во вистинско светло.
Наум Локоски
0 коментари:
Објави коментар