Made by Naum Lokoski

Му се посреќи на Маса во Валенсија!

недела, август 24, 2008
1.Маса - 2.Хамилтон - 3.Кубица
По катастрофално лошата среќа на Фелипе Маса на Хунгароринг во Унгарија пред 3 седмици, Маса доаѓа до неговата 9та победа во кариерата и четврта во оваа сезона, во неговото 100то гран при.

Тој водеше уште од почетокот, бидејќи стартуваше од пол позицијата и успеа да ја задржи таа позиција до крајот на трката.
Единствен критичен момент, беше излегувањето од по второто влегување во бокс, кога на излезот за малце ке се судреше со возачот на Форс Индија, Адријан Сутил, за што стујардите ке разгледуваат и можна е казна за Маса за следната трка.

Втор заврши возачот на МекЛарен и водечкиот во генералниот пласман, Луис Хамилтон. Тој цело време го следеше Маса и одржуваше некоја разлика, но не се обиде и како што изјави бил свесен дека неможе да го престигне супериорниот Маса.

На третата позиција беше возачот на БМВ Заубер, Роберт Кубица, додека четврти беше вториот возач на МекЛарен, Хајки Ковалаинен.
Кими Раиконен по инцидентот во боксот, кога тргна додека цревото за гориво се уште не беше откачено од неговиот болид, веќе во наредниот круг му се запали моторот и мораше да се откаже од трката.

На генералниот пласман прв останува Хамилтон со 70 поени, 6 повеќе од Фелипе Маса на втората позиција кој има 64. Трет е Кими Раиконен со 57, а четврти Роберт Кубица со 55.
Според досегашните резултати борба за титулата ке водат Хамилтон и Маса што немора да значи, но сепак ни преостануваат уште 6 неверојатно интересни трки.

Во поглед на конструктори Ферари се сеуште први со 121 поен, пред МекЛарен со 113 и БМВ Заубер со 96.

Следната трка се вози во Белгија на добро познатата патека, Спа Фанкошимп за две недели на 7ми Септември. Минатата година на оваа патека, Ферари имаа еден два победа, што ке се случи сега останува да видиме.

Целосните резултати

0 коментари:

Објави коментар