Made by Naum Lokoski

Маса ке стартува прв во Валенсија

сабота, август 23, 2008
Маса утре стартува прв во Валенсија
На извондредната градска трка во Валенсија, која по стилот повеќе потсеќа на Монца отколку на Монако, Фелипе Маса успеа да извози најбрзо време во третиот квалификациски циклус за да утре стартува од првата позиција на Европското Гран При.

Веднаш позади Маса ке стартува Луис Хамилтон, додека од третата позиција ке стартува Роберт Кубица.
Тимскиот колега на Маса, Кими Раиконен трката ке ја започне од четвртата позиција.

Утре не очекува една неизвесна и многу добра трка, која зачинета со малку дожд ке биде најинтересна трка досега.
Според гласачите на F1.com во анкетата над 50% сметаат дека утре Безбедносното Возило ке излезе повеќе од 2 пати на патеката.
Додека поискусните возачи предупредуваат дека доколку се случи некаква несреќа на мостот (долг 100 м) дека нема шанси ни со Безбедносно Возило да се исчисти, него ке мора да се запре трката, по што следува повторно стартување, како што имаше минатата година во Германија.

Утре возачите ке стартуваат вака:
1. Фелипе Маса
- 2. Луис Хамилтон
3. Роберт Кубица
- 4. Кими Раиконен
5. Хајки Ковалаинен
- 6. Себастијан Фетел
7. Јарно Трули
- 8. Ник Хајдфилд
9. Нико Розберг
- 10. Себастијан Бурде
11. Казуки Накаџима
- 12. Фернандо Алонсо
13. Тимо Глок
- 14. Марк Вебер
15. Нелсон Пике ј.
- 16. Џенсон Батон
17. Дејвид Култхард
- 18. Џанкарло Физикела
19. Рубенс Баричело
- 20. Адријан Сутил

0 коментари:

Објави коментар