Made by Naum Lokoski

Вселенски симулатор за Ферари!

петок, август 22, 2008
Возачите на Ферари ке можат да научат и да летаат

Ферари ја ангажираше американската компанија Моог да го конструира најдобриот возачки симулатор во Формула 1. Се верува дека лидер во овој сегмент моментално е Мекларен, кој неколку сезони наназад на своите возачи им нуди потполна подготовка за секоја патека, па оттаму се верува дека потекнуваат и добрите резултати на Хамилтон кој лани дебитираше и стана најуспешниот почетник на сите времиња со девет пласмани на пиедесталот.

Американската компанија Моог ја потврди веста дека е ангажирана да создаде машина „од идната генерација“, што не би било чудно ако не се знае дека нивна специјалност е авиоиндустријата, вселенските летала, воени оружја од типот на „војна на ѕвездите“, како и проектили со далечинско управување.

- Динамичкиот возачки симулатор е нов чекор за нас во развојот на виртуелните тестови кои на возачите ќе им овозможат вистинско чувство, вистинска околина и повратен одговор за секоја нивна акција,- изјави по овој повод Марко Фаинело, задолжен за напредување на перформансите во италијанската Скудерија.

Важноста на симулаторите расте со тек на времето бидејќи екипите се обврзани да не поминат повеќе од 30.000 километри во тестирања преку годината, и тоа само со еден болид на патеката. За претстојната трка во Валенсија, Ферари потврди дека го користел симулаторот од истражниот центар на ФИАТ во Торино, но Кими Раиконен изјави дека тој дел од работата не го цени, бидејќи отсекогаш добро се снаоѓал на новите патеки.

*2

0 коментари:

Објави коментар