Made by Naum Lokoski

Лауда го отпиша Кими

вторник, август 19, 2008
Ники Лауда
Ники Лауда, кој две од своите три шампионски титули освои со Ферари, изјави дека очекува битката за шампионската титула да трае до последниот круг и во неа да има еден возач на Мекларен и еден на Ферари.

Сепак, Австриецот смета дека актуелниот бранител на тронот Кими Раиконен нема да успее да се справи со Луис Хамилтон, туку дека поголеми шанси за тоа има Фелипе Маса. - И досега дуелот беше меѓу Маса и Луис, бидејќи перформансите на Раиконен беа непостојани и неговиот пласман на табелата варираше. Во моментов Маса има предност во однос на Кими, гледано од возачки аспект, бидејќи тој не е во состојба да ја брани титулата,- тврди Лауда, потенцирајќи дека на Хунгароринг тој сторил се што требало за да победи, но откажа моторот на Ферари поради прегревање.

Речиси истовремено, но сосема неврзано за ова, Кими Раиконен изјави за Билд дека не ја загубил желбата за победи. - Јас сум оној истиот. Ако сум во трка, сакам да победам во неа. Не ми е забавно ако сум петти или шести, па дури ни третото место не ми значи како порано. Ги сакам само победите. Кој и да мисли дека сум уморен или заситен, сигурно греши. Наша цел се двете титули и ако не ги освоиме, ќе бидеме разочарани,- тврди 28-годишниот Финец.

На седум трки пред крајот на сезоната, Хамилтон има 62 бода, или само пет бода предност во однос на Раиконен, осум во однос на Маса и тринаесет во однос на Кубица. Претстојниов викенд се вози трката за ГН Европа на градската патека во Валенсија.

*2

0 коментари:

Објави коментар