Made by Naum Lokoski

Тимо Глок останува во Тојота

сабота, август 09, 2008
Тимо Глок ја слави втората позиција во Унгарија

Добриот резултат во Унгарија ги убеди челниците на Toyota, па тие го продолжија договорот со Германецот на уште една сезона, па уште од сега јапонскиот тим најавува дека нема да прави измени во возачкиот кадар за 2009.

Според шефот на тимот Џон Хаует, Глок уште од почетокот на сезоната напорно работел да ги подобри перформансите во квалификациите, кои до трката во Унгарија му беа најголема маана.

Ваквиот развој на настаните значи дека Казуки Накаџима, кој уште од млад работи за јапонската компанија а сега настапува за Williams, ќе остане уште една сезона во тимот на Френк Вилијамс, наместо претходната најава дека ќе премине во Toyota.

*1

0 коментари:

Објави коментар