Made by Naum Lokoski

Маса оптимист и после откажувањето

сабота, август 09, 2008
Mаса немаше среќа во Унгарија

Иако заради дефект на моторот на само три круга пред крајот остана без победа во 11 – та трка на Формула 1 за Големата награда на Унгарија, возачот на Ferrari, Felipe Massa одлучи да остане позитивен и да верува дека тоа е само почеток на големото враќање на италијанскиот тим.

Lewis Hamilton во последните две трки наголемо го засени Ferrari, а иако доминираше на тренинзите и на квалификациите за ГН на Унгарија, таа сепак беше во знакот на Massa.

Бразилецот веќе до првата кривина се ослободи и од двата возачи на McLaren – прво го престигна Heikki Kovaleinen, додека Hamilton падна од надворешната страна на влезот на првата кривина. Но, на голема жалост на сите на Ferrari, се беше изгубено пред крајот кога експлодира моторот на Massa.

„После оваа трка, покрај фактот дека останувате со ништо на само три круга пред крајот, не може да се остане разочаран. Покажавме дека можеме да бидеме многу брзи, што не става во подобра позиција за следната трка“, изјави Felipe Massa.

„Се разбира, останува малку горчлив вкус во устата бидејќи изгледаше совршено, за се да отиде по ѓаволите заради моторот. Но, тоа е спортот“, додава Massa.

За возачите на Формула 1 следи летната пауза, а првенството се продолжува за три седмици во шпанската Валенсија, каде возачите ќе се борат за Големата награда на Европа.

*1

0 коментари:

Објави коментар