Made by Naum Lokoski

Kовалаинен најсреќен на крај

недела, август 03, 2008
Хајки Ковалаинен

По една возбудлива трка во Будимпешта, на Хунгароринг, десетте поени од 11 трка оваа сезона ги однесе Хајки Ковалаинен по навистина возбудливи 70 круга.

Возбудливоста на трката се познаваша уште на стартот, кога во првиот свиок Фелипе Маса од третата позиција успее да излезе прв со неверјотни манври ги престигна Хајки Ковалаинен кој беше втор и Луис Хамилтон кој старуваше од пол позицијата.

Маса водеше поголем дел од трката но Хамилтон го одлично го следеше и цело време разликата помеѓу нив беше од 3-6 секунди, се додека во 41 круг не му пукна гумата.
Хамилтон сепак некако успеа да се довлече до питот каде што му беа заменети гумите и доточено гориво, заради што и Фелипе Маса мораше по само 2 круга да влезе во питот.

Голема битка се водеше помеѓу Алонсо и Раиконен уште од старотот. Раиконен цело време возеше зад Алонсо но не се осудуваше да го нападне бидејќи патеката е тесна и нема место за маневрирање. Сепак Раиконен преку боксовите успеа да го престигне Алонсо.

Откако го помина Алонсо, пред Кими беше Тимо Глок, кој одлично го извозе цел викенд во Будимпешта. Кими го стигнуваше Глок, и кога разликата помеѓу нив беше помала од половина секунда, болидот на Фелипе Маса, кој дотогаш водеше, едноставно застана.

Неговиот мотор се расипа на само два круга пред крајот и тој мораше да ја прекине трката. Со тоа Ковалаинен сега водеше, а Тимо Глок беше втор. Кими некако задоволен од третата позиција, но и исплашен да не има сличен проблем како Маса, веќе не го бркаше Глок, туку возеше сигурно да ја заврши трката.

Хамилтон, чија цел беше хет-трик, три победи со ред, заврши на петтата позицја и не ја достигна својата цел, која возач од МекЛарен ја нема достигнато од далечната 1991.

БМВ Заубер ја продолжи својата традиција на 27 трки со освоени поени, бидејќи по откажувањето на Фелипе Маса, Роберт Кубица дојде 8ми со што освои еден поен.

Се на се интересен викенд во Будимпешта со многу атракција и возбуда. Следната трка е за три седмици низ улиците на непознатата Валенсија за ГН на Европа. Тоа се очекува да биде уште повозбудлива трка бидејќи патеката е непозната.

Целосни резултати
Чад од болидот на Фелипе Маса
*Н.Л.

0 коментари:

Објави коментар